Новак Ѓоковиќ има чист смеч, но по инерција не успева да се задржи и ја допира мрежата, иако Надал нема шанси да го врати топчето. Момент за пресврт и ненамерна грешка на српскиот тенисер, што веројатно го чинеше победа против лутиот ривал и шанса да настапи во финалето, во потрага по првиот трофеј на Ролан Гарос.
Ова се случуваше при резултат 4-3 во гемови и 40-40 во поени во петтиот решевачки сет, при сервис на Новак. Судијата му се извини на Ѓоковиќ, но постапи според правилата и му го додели поенот на Надал, бидејќи е недозволено во тенисот да ја допрете мрежата. Потоа Надал направи брејк, а на крајот го доби решавачкиот сет со 9-7 во игри и утре ќе се бори за рекордната осма титула на Ролан Гарос, против сонародникот Давид Ферер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)