| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите ја распнаа: Кој ја изнервирал принцезата Кејт? (Видео)

Принцезата Кејт Мидлтон во текот на првото појавување на кралската турнеја со принцот Вилијам во Полска и Германија, се прикажала во мрачно светло. 35-годишната војвотка од Кембриџ била снимена во прилично необична состојба додека со сопругот присуствувала на една забава.

Таа стоела во целосен контраст со сјајната насмевка пред Претседателската палата само неколку часа претходно.
Се шегувала и дека треба да роди и трето дете, бидејќи нејзините деца Џорџ и Шарлот биле во центарот на вниманието.
Овој пат Кејт не го гледала својот сопруг во очи и цело време ја држела главата крената, додека на крајот не се свртела кон камерите и не им упатила неколку кисели насмевки.

Една од можните причини е замор по напорното патување. Изгледа дека не била сама во ова тмурно расположение. И принцот Вилијам одвај чекал да дојде до автомобилот со прилично студен израз на лицето.
Кралскиот пар ја посетил и забавата во варшавскиот парк Лазиенка, каде требало да се прослави роденденот на кралицата. Тие биле меѓу 600-те гости кои присуствувале на прославата, која ја организирал британскиот амбасадор.
Тоа се случило откако Кејт минатата седмица заспала на банкетот во Бакингемската палата – додека во присуство на кралот и кралицата на Шпанија ја носела славната тијара на принцезата Дајана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top