| четврток, 6 декември 2018 |

Кузмановска: Зошто колега Ковачевски немате ниеден амандман за Битола?(видео)


Пратениците од  Комисијата за буџетот и финансирање  втор ден расправаа за предложениот  ребаланс . За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ребалансот на буџетот е неприфатлив.  Пратеничката Лилјана Кузмановска истакна:Каде се врши зголемувања? Мора да се каже. Секаде каде што е ставката плати. Значи тоа се плати за нови вработувања. Тоа се некаде повеќе или ако не сите агенции и комисиии ако сакате ке ви ги прочитам:  Агенција за разознавање, за заштита на конкуренција, државна комисија по жалби и по јавни набавки, регулаторна комисија, во администрација, во Влада на Република Македонија, се се тоа удомување на партиски кадри. Ние тоа го видовме за Спасе кој директно од член на извршниот одбор дојде на место директор. Значи тоа е удомување на партиски кадри-рече Кузмановска.

Според неа поднесени се 706 амандмани од Битола

-До сега бевме прозивани од сите пратеници зошто немаме амaдман, зошто во своите општини уште тоа не сме го донаправиле. Зошто нема Социјалдемократскиот сојуз ниеден амандман? Зошто колега Ковачевски немате ниеден амандман за Битола? Немате амандман за десуфуризација на Битола. Каде се парите за битолскиот Универзитет? Сега имавте Комисија каде што викавте дека вие барате секогаш повеќе а сега вие го кратите. Треба да сте првиот поборник што ќе кажете стриктно” јас не се согласувам зошто досега  наназад од оваа говорница секогаш  барав пари за Битола”.  Барав за битолскиот Универзитет. Сега не се согласувам да ми чепкате во Битола и Универзитетот. Ете тогаш ќе бидете пратеник без лицемер односно пратеник од Битола. Каде се парите за новиот Клинички центар во Битола.  Баравте нов Клинички центар . Таму заврши реконструкцијата на  Болницата целосно  и јас сум среќна ако не ги скратите за внатрешно то опремување затоа што тоа е втората фаза. Колега ние целосно работиме на реконструкција затоа неможе да се гради нов Клинички Центар и затоа се издвоени средства за да се завршат двете фази. Едната енергетска фасада што е целосно завршена  и за втората фаза се издвоени парични средства за внатрешна реконструкција. Вие тука не престанувавте дека е потребен нов Клинички центар. Ајде да видиме направете го.  Каде се парите за нов старски дом, за детска градинка во Битола? Ако во Битола има нов старски дом во регионот најдобар, меѓутоа вие тука можете да правите голем душогрижник за битолчани баравте уште еден старски дом. Еден старски дом кој е пример во регионот по еевропски стандарди  го има општина Битола. Тоа го знаат Битолчани- рече Кузмановска.

-Одвоени се парични средства во буџетот тука  кога носевме 1 милион евра за офицерски дом Битола. Дали ке ги скратите  да  им кажете на граѓаните или офицерскиот дом што веќе,   бевме прозивани и цело време сакате да го кажете, одвоените парични средства  ќе им ги земете на граѓаните. Многу е лесно да сте во опозиција и да плукате-додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top