| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер со интересен предлог за Санчез кој сака да игра во Лигата на шампионите

Арсен Венгер постојано повторува дека Алексис Санчез ќе остане во Арсенал во новата натпреварувачка сезона, па дури и сега кога Чилеанецот истакна дека сака да игра во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите на стартот на новата кампања.

Алексис индиректно со ваквата изјава најави дека размислува за заминување од Арсенал, но сега Венгер му испрати интересен предлог на својот фудбалер, појаснувајќи му како сам ќе се избори за место меѓу најдобрите во Европа.

– Игравме цели 20 години по ред во Лигата на шампионите. 17 пред да пристигне Санчез и три со него. Затоа ќе му кажам дека ќе игра во Лигата на шампионите, така што ќе ни помогне да избориме пласман со нашите игри во новата сезона. Кога сте постојан дел од Лигата на шампионите, сите велат дека тоа е единственото што го правите. Кога не сте во Лигата на шампионите, одненадеж тоа станува проблем – порачува Венгер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top