Полскиот голман, Војчех Шчесни, го договори трансферот со Јувантус и откако ќе ги мине редовните медицински прегледи ќе потпише договор со шесткратниот првак во низа во Серија А.
Шчесни во Јуве пристигнува од редовите на Арсенал, кој за овој трансфер најверојатно ќе инкасира 10 милиони евра, плус 2 милиони за бонуси, додека Полјакот годишно ќе заработува 3,5 милиони евра.
27-годишниот голман, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома како позајмен фудбалер, во првата сезона за „старата дама“ сигурно ќе му биде резерва на Буфон, кој најверојатно идното лето ќе замине во пензија, па се очекува Шчесни да го замени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.