| четврток, 6 декември 2018 |

Кикс на Хрватите кој може да ги чини пласман на мундијалот (видео)

Хрватска вечерва направи тежок кикс на домашен терен против Шкотска со што си го доведе во прашање пласманот на светското првенство во Бразил следната година. Коцкестите примија гол уште во 26 минута по киксот на целата одбрана, а голот на крајот се покажа како доволен за Шкотите да си заминат со цел плен и три бода.

По седум квалификациски кола, Хрватска има 16 бодови, три помалку од водечката Белгија која вечерва ја совлада Србија со 2-1. Второто место во групата може да значи и бараж за Хрватска со што ќе си го усложни патот на мундијалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top