| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски попушти- седницата одложена, демонстрантите се разотидоа

По осумчасовни тензии, конечно се смири ситуацијата пред општина Центар. Градоначалникот Андреј Жерновски попушти и ја прекина седницата на која требаше да се менува деталниот урбанистички план на општината.

Се уште не се знае кога повторно ќе биде закажана седницата. Одлуката на Жерновски беше поздравена со аплауз од демонстрантите, но и најавија дека повторно ќе дојдат кога ќе се најде на дневен ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top