| четврток, 6 декември 2018 |

Џо Харт се враќа во Премиер лигата, ќе ги брани боите на „чеканите“

Поранешниот голман на Торино Манчестер Сити, Џо Харт денес ќе ги мине медицинските прегледи и ќе потпише за Вест Хем. Минатата сезона искусниот Харт настапуваше во Торино на позајмица од Гвардиола и „граѓаните“, а сега ќе отиде на отстапка со право на откуп кај „чеканите“.

Дел од платата на 30-годишниот Харт и натаму ќе плаќа Манчестер Сити, кој има договор со искусниот голман до 2019 година. Минатата сезона Браво, а сега Едерсон треба да го замени Харт, но кај фановите на Сити се скептични околу изборот на чуварот на мрежата.

Ова лето Вест Хем е релативно мирен на пазарот и за разлика од претходните неколку сезони не доведува голем број на нови фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top