| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно и вредниот Давид Ферер ќе игра гранслем финале

Давид Ферер е еден од најдобрите тенисери на светот, но му се погоди силна генерација противници, па дури во 31. година ќе го игра првото гранслем финале и тоа шпанско на Ролан Гарос, против Рафаел Надал.

Ферер стаса на чекор до титулата, без загубен сет, а предмалку со 6-1, 7-6, 6-2 го декласира домашниот претставник Жо Вилфрид Цонга.

Финалето ќе се игра задутре, а ќе биде со многу симболика. Ферер ќе атакува на првата гранслем круна во кариерата, а Надал за рекордната осма на Ролан Гарос.

Утре во женска конкуренција, Серена Вилијамс ќе настапи во финалниот меч против ланската шампионка Марија Шарапова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top