| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Јадран во пламен: Црна Гора бара помош од ЕУ; во Хрватска експлозии на влезот во Сплит

 

Пламтат пожари долж јадранскиот брег. Во Сплит загина еден човек а десетици останале без дом. Состојбата со пожарите на црногорското приморје е тешка, побарана е помош и од ЕУ

РТЦГ наведува дека претседателите на општините Херцег Нови, Котор и Тиват упатиле барање до премиерот Душко Марковиќ и Министерството за внатрешни работи за итен ангажман на авијацијата во гаснењето на пожарите на Луштица, оценувајќи дека состојбата е алармантна и дека треба да се бара помош од регионот.

Црногорското МВР преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ упати барање за меѓународна помош, која се очекува до крај на денот.

-Со наши сили ја контролираме состојбата бидејќи временските прилики не дозволија во гаснењето да се вклучат и авионите заради ветрот. Побаравме помош од ЕУ и тоа веќе се разгледува во Брисел, за можноста на помош да се вклучат авиони од најблиските дестинации и таа може да дојде уште вечерва- вели првиот човек на секторот Мевлудин Нухоѓиќ.

Притоа се нагласува апелот до граѓаните да пријават се што им се чини сомнително за подметнување на пожар.

-Сложените метеоролошѓки услови, силниот ветер и врелината влијаат на пожарите, а статистиката покажува дека често граѓаните со своето невнимание предизвикуваат пожари- посочува тој по обиколка на критичкните точки.

Далмација е во пламен

Хрватските медиуми пишуваат дека Далмација е во пламен, гори на повеќе места а најстрашно е меѓу Омиш и Сплит.

Големиот пожар кој започнал синоќа на полноќ, стигнал до Мостар. Стотици пожарникари со часови се борат со огнените јазици, но и со бурата која немилосрдно дува и постојано го менува правецот на движење на огнот.

Огнот во попладневните часови стигнал и до Сплит и над градот паѓал пепел како снег. Дел од објектите во градот кон правец на пожарот се затворени. Гори и во близина на бензинска станица на влезот во градот. Според очевидци кои се пренесуваат, горат далноводи, се гледаат одблесоци и се слушаат експлозии.

Во сплитско далматинската жупанија горат 12 пожари во многу неповолни услови за гаснење. Вклучени се над 400 пожарникари со над 100 возила, како и со помош на, канадери и ер-трактори, посочува командантот на пожарникарите. Тој опишува како кај Горна Ситна се бранела „куќа по куќа“, а канадерите помагаат да се дојде поблиску до огнот, а слична е состојбата и кај Тугар, каде веќе огнот е одалечен од куќите, но заради ветрот може да се смени правецот на огнот, пренесува ХИНА.

Според министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, резервните сили на хрватската војска стигнале до Жрновнице, а најавил помош и пожарникари од другите жупании.

Повредени нема, освен што еден човек починал од срцев удар. За материјални штети сега е тешко прецизно да се зборува, додава министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top