Иако веќе е во 9 деценија од животот Дејвид белами, човекот чии што емисии го одбележаа детството на многу балкански генерации, дејли меил вели дека делува свежо и полн со оптимизам. Живее со сопругата во „дивина“ има 5 деца, повеќето усвоени, и 9 внуци сите „различни по боја“, додава самиот во опширното интервју за Дејли меил.
Во интервјуто раскажува за се, од Господ (битно е да имате за што да се закачите) преку балетот (знаете ли дека имам напишано балет којшто дури шест пати е изведуван?) до брадата (никогаш не сум ја избричил) и омилените спидо гаќички за бањање (децата ми ги мразат, ама јас трпам нешто да ми се мота околу нозе).
Но станува сериозен кога ќе се спомнат климатските промени и судирот во 2004 кога спротивно од научните конвенции и јавното мислење, глобалното затоплување создадено од човекот го нарекува „безсмислено“. „од тогаш не сум пожелен на ББЦ. Ме замрзнаа бидејќи не верував во глобалното затоплување. Мојата кариера пресуши. Ме исфрлија од групата за зачувување на природната средина и ме плукаа низ Лондон. Најлошо од се е што добив писмо во кое беше напишано Дејвид Белами е педофил бидејќи не верува во глобалното затоплување и ги убива нашите деца.
А се е тоа глупост, додава Белами. Последните 16 години температурите се во пад, јаглендиоксидот е во пораст, културите се се позелени и побрзо растат. Многу сторивме што ја уништува планетата , но човекот не го предизвика глобалното затоплување.
Во седумдесетите и осумдесетите, ботаничарот Дејвид Белами на интересен начин ја пренесе природата и науката во домовите.
-Никогаш немав сценарио. Никогаш немав луѓе кои 6 месеци ќе седат во грмушка за да направат снимка. Тоа беше прекрасно, се сеќава Белами.
Меѓу останатите случувања во неговата биграфија е и дека својот 50-ти роденден го дочекал во затвор во Тасманија заради блокирањето на реката Франклин како протест против изградба на брана.
Ми стигаа огромен број писма од целата планета, беше прекрасно, вели задоволниот 80 годишен ботаничар заради кој бројни генерации во слободното време создаваа инсектариум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





