| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Престанете и двајцата, би можел да ве пратам во болница!

Во последните неколку дена главна тема кај сите спортски медиуми се прес-конференции за „борбата на столетието“ меѓу Конор МекГрегор и Флојд Мејведер.

Вчера оваа серија на прес-конференции го имаше својот крај, а истите предизвикаа лавина на реакции кај фановите на боксот, кои се сомневаат во искреноста на двајцата борци, кои во Лондон дури допатуваа со ист авион.

За овој дуел меѓу големите шампиони, свое мислење даде и легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, кој верува дека може двајцата боксери да ги прати на болница.

– Вревата околу борбата меѓу Конор МекГрегор и Флојд Мејведер треба да престане. За нив најдобро е да престанат со глупостите што ги прават и да се борат против мене. Не сум сигурен што ќе се случи, но верувам дека можам двајцата да ги пратам на болница – истакна Ибра.

Златан сè уште заздравува од тешката повреда на лигаментите на десното колено, а исто така, сè уште не одлучел каде ќе ја продолжи играчката кариера, бидејќи неговиот престој на „Олд Трафорд“ заврши ова лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top