Екипата на Реал Мадрид посакува да го доведе младиот Килиан Мбапе, тинејџерот кој блесна во дресот на Монако изминатата сезона.
Според пишувањата во Шпанија, Флорентино Перез е подготвен да го продаде Герет Бејл во Манчестер Јунајтед, како би собрал средства за францускиот напаѓач. „Кралевите“ се обидуваат да се ослободат од неколку првотимци, па Џејмс Родригез замина во Баерн Минхен, а се споменува и потенцијална преселба и на Алваро Мората.
Челзи би можел да му направи услуга на шпанскиот шампион и да го потпише младиот напаѓач, со што би се ослободило едно место во составот на Зинедин Зидан.
Сепак, јасно е дека за Мбапе да се пресели во Мадрид мора да му биде загарантирано стартното место, што би било возможно доколу замине еден член на ударното трио ББЦ.
Францускиот напаѓач изјави дека не може да гарантира дека ќе остане во Монако, што е дополнителна причина за остварување на планот на Перез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ви остануваат уште неколку дена: Еве до кога и каде треба да ги замените старите 10 и 50 денари!
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед