| четврток, 6 декември 2018 |

Надал претврд орев за Ѓоковиќ

Рафаел Надал е прв финалист на Ролан Гарос по победата во 5 сета против Новак Ѓоковиќ. Противник за осмата рекордна титула на гарнслемот ќе му биде подобриот од второто полуфинале што е во тек, а играат Жо Вилфрид Цонга и Давид Ферер.

Битка на два света, на сосема различни стилови на игра, во кој има и елеганција и сила, агресивност, моќни удари, презентираа денеска двајцата големи тенисери Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. На централниот терен „Филип Шатрие“, Шпанецот беше посреќен и славеше со 3-2 во сетови, или 6-4, 3-6, 6-1, 6-7, 9-7.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Влогот беше голем и веројатно ќе значи титула на престижниот гранслем што се игра на земјена подлога. Натпреварот траеше над 4 и пол часа.

За Надал влогот беше влез во финалето и атак на осмата титула на Отвореното првенство на Франција во тенис, нешто што го нема ниту еден тенисер во историјата на играта. Тој ја доби 35. пресметка со Ѓоковиќ. Шпанецот има предност од 20-15 во победи, а уште поважно за него е што може да атакува на рекордната осма титула во Париз.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top