Во Опленац вчера се венчаа принцот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ и Британката Фелон Рајман. По црковната венчавка Белата палата организираше прием за повеќе од 300 гости од земјата и од странство.
На свадбата на принцот Ѓорѓе, син на починатиот Томислав Караѓорѓевиќ и принцезата Линде, присуствуваа кралското семејство, преставници на Владата и на Собранието на Србија, на српскиот јавен живот, како и странски дипломати.
Домаќини на церемонијата беа принцот Александар Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина кои им посакаа на младенците среќа во бракот.
-Ви благодариме што сте со нас на овој посебен ден кога го славиме бракит меѓу Фелон и Ѓорѓе. Тие сега си ветија дека ќе го поминат заедничкиот живот во љубов, хармонија и взаемно почитување, изјави принцот Александар на церемонијата.
Младиот пар веќе имаше една свадбена церемонија во Шкотска во јули минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.