| четврток, 6 декември 2018 |

Годишнина од пучот во Турција: Како СДСМ и Сорос се радуваа на обидот за соборување на Ергодан (ФОТО)

Со честитки за пучистите, изразувајќи подршка до нив како и и барања за вакви сценарија во Македонија е сликата што можеше да се забележи пред една година од страна на тогашната опозициска СДСМ и на претставниците на Шарената револуција кои се сега во новата влада. Сите оние кои се залагаа за слобода, правда, ненасилство  ги славеа тогашните крвави случувања во кои загинаа над 200 луѓе, а огромен дел од нив беа повредени.

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ а сегашен заменик-министер за животна средина Јани Макрадули сподели фотомонтажа од Никола Груевски, кој е на местото на Ердоган. Но навредите на Макрадули не завршија минатата година. Преку Фејсбук Јани Макрадули даде отворена поддршка и согласување со постот на Ивор Мицковски, ексшеф на Центарот за комуникации на СДСМ, каде што на Турците и на турскиот претседател Ердоган им порачуваат:

„Е стварно сте мајмуни“

Со ваквите постови се навредува Турција и турскиот народ кои се наши пријатели и во континуитет не подржуваат нас како држава како и македонскиот народ.

Едмон Адеми, кој е министер без ресор во владата на Заев пиша : Дур не се пролее крв по улици ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува.

Никола Наумовски, братучед на Радмила Шеќеринска а од неодамна вработен во министерството за култура и еден од најгласните активисти на шарената револуција исто така посака пресликување на состојбите во земјава.

“Сањам за денот кога Ж (мислејќи на Груевски)  ќе ни се обраќа преку Facetime од некоја мрачна соба“

Поранешната Пратеничката Софија Куновска во својот краток статус посакува пад на Ердоган а тоа го изедначува со падот на ВМРО-ДПМНЕ

Уште една од поранешните пратенички на СДСМ и најревносен бранител на Заев, Лидија Димова која наместо од пратеничката функција подобро да ја користеше да се залага за подобар живот на граѓаните, повисоки плати таа тогаш посака крвавите настани од Турција да дојдат „и на наша глава“

“Сакам да ни се случи Турција“ е објава од полицаец  кој за време на тогашниот технички, а сегашен министер во МВР, Оливер Спасовски, е унапреден  неколку нивоа погоре. Поддршка на неговиот статус за случувањата во Турција му дава борецот за човекови права Суад Мисини.

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, со серија на статуси беше најактивен таа вечер. Им даваше речиси безрезервна поддршка на пучистите во Турција

Жанета Трајковска, директорка на Македонскиот институт за медиуми, изрази жалење за пучистите што не успеале во својата намера.

Опозицинерот и поранешен gенерал Стојанче Ангелов преку својот профил на Фејсбук, им даде поддршка на пучистите изедначувајќи ја шарената револуција со обидот за државен удар.

Со свој коментар се јави и еден од најголемите поддржувачи на Заев и на политиките на СДСМ, поранешниот функционер Ѓорѓи Спасов

Ваквите изјави, и поддршката што тогашните опозиционери и на нивните поддржувачи од т.н. Шарена револуција дојдоа во време каде целиот цивилизиран свет го осуди обидот за државен удар на легално избраната влада во Турција. Но она што е најтрагично и крајно лицемерно е што на годишнината од „пучот“ во Турција ќе присуствуваат официјални претставници на Владата.

Треба да се напомене дека ваквите написи како и поддршката што тогаш беше дадена од тогашните опозиционери а сегашни функционери во ниту еден момент не беше осудена од Заев ниту од страна на СДСМ. Ваквото однесување на дел од раководството на СДСМ ги повредуваат чуствата на Турците кои живеат во Македонија. Молчење од страна на СДСМ и нивниот претседател може да значи одобрување на вакви постапки со што ако продолжи ваквиот тренд во иднина би можело да дојде и до нарушување на односите помеѓу Македонија и Турција.

За да биде појасно какви политички аматери стојат на чело на државава, ќе поткрепиме со текст објавен на провладин медиум, во кој пишува дека делегација на владата ќе присуствува на годишнината од неуспешниот пуч во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top