| четврток, 6 декември 2018 |

Лукас ја нарече свршеницата на Шашиќ полузајачица, а сега Катарина жестоко му возврати!

Аца Лукас пред неколку дена објави на својот Фејсбук отворено писмо за Жељко Шашиќ, во кој сакаше да демантира и одговори на се што Шашиќ зборуваше за него и Соња.

Лукас во писмото Шашиќ го нарече патеник, ретардиран, а ја спомена и неговат сврешница, Плејбој зајачицата, Катарина Лазиќ.

-На твое место, ако тоа ти е целото задоволство, би меркал некое дрво да се обесам. Наместо да се занимаваш со својата музика, ти се занимаваш со мојата жена. Ало, ретарду, ти и ја немаме никаква сличност и немој да не ставаш во ист кош. Иди и глуми го Хју Хефнер, додуше со една полузајачица, и остави не сите на мира-порача Лукас.

И додека Шашиќ му одогвори да му се симне од она работа, Катарина беше поречита.

-Би било премногу сурово да го коментирам човекот кој има 160 см.Би ги замолила господините селебрити, главните актери на ТВ новелата, да не ме земаат во уста, срам ми е-порача Катарина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top