| четврток, 6 декември 2018 |

Не ја разбира конфузијата која се случи – Лукас проговори за поранешната жена!

Аца Лукас проговори за неодамнешната операција на поранешната сопруга Соња, но и за тоа во какви односи се сега после се!

 

Итната операција на Соња која и беше извршена пред неколку дена, загрижи многумина, но еве што фолкерот вели за тоа.

-Јас навистина не ја разбирам конфузијата која се случи. Тоа не е ништо страшно. Имала миом. Таа е ок, оперирана е. Во совршено нормални односи сме, единствено не сме во брак – рекол фолкерот.

Додал и дека не размислува за нова љубов и дека целосно е свртен кон музиката, а подготвен да му помогне на синот Андреј, кој тргнал по неговите стапки.

-На мене секогаш ми било добро. Никогаш во животот не сум сонувал дека морам да бидам голема ѕвезда, затоа што би потрошил многу години и не би бил задоволен од својот живот за време на тие години додека не станам ѕвезда. Јас секогаш сум уживал во животот. Мене секогаш ми било најубаво – рекол Лукас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top