| четврток, 6 декември 2018 |

Не сум лицемер да се смирам со Соња-Аца Лукас открива зошто ја прекршил забраната за приоѓање!

Аца Лукас потврдил дека ја прекршил забраната за приоѓање на сопругата Соња Вуксановиќ, но дека без оглед на се, не му паѓа на ум да се смири со неа.

Пејачот вели дека не е лицемер кој ќе проголта се грдо што рекол за неа, а заедно биле во Германија како таа би му ги средила докумеитите кои се неопходни за престој во таа земја.

-Бевме заедно во Германија како би ги продолжил документите за престој во таа земја. Соња има германско  државјанство, па преку неа полесно можев да добијам доживотен престој во нивната земја. Бидејќи ние сме се уште во брак, таа испадна коректна и ми помогна преку неа полесно сето тоа да го завршам. Ми направи услуга-изјавил Лукас за Информер, кој додал дека за да ги продолжи документите за престој морал да се појави со неа.
На прашање дали постои шанса тие двајцата повторно да бидат заедно Лукас вели:

-Смирувањето ниту еден момент не ни беше тема. Нема збор повторно да бидеме заедно. Се договоривме да се однесуваме цивилизирано, бидејќи имаме заедничко дете.Се што правиме е заради Викторија. Се договривме веќе да не се караме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top