УЈП го потврдува инцидентот од вчера, кога заменик директорот на УЈП Скопје, Исмет Гури, познат по насилства врз вработени во УЈП, а притоа самиот тенденциозно нагласувајќи блиски пријателски врски со директорката на УЈП Сања Лукаревска, познат партиски кадар на социјалдемократите, но и со Зоран Заев, со боксови нападнал вработен. Од таму велат дека „Единицата за проефесионални стандарди веќе постапува со цел утврдување на фактичката состојба и на одговорноста на вработените за непрофесионалното однесување“.
Од УЈП не одговараат што може да се очекува како исход од истрагата по пријавата за Гури, кому ова не му е прва пријава за насилство до внатрешната контрола.
Но од таму нема одговор ни што ќе преземе УЈП за заштита на вработените жртви на самоволието и насилните испади на раководни лица со јавно искажана партиска припадност како предуслов за нивна неказнивост; ниту пак одговр на прашање за блискоста и пријателството на Исмет Гури со директорката на УЈП Сања Лукаревска, која Гури ја нагласува како заштита дека ќе мине неказнето и како момент за заплашување на жртвите.
Наместо одговор, од УЈП и пренесуваат што сѐ подразбираат Етичките принципи на даночната служба и Кодексот на однесување на вработените во Управата за јавни приходи, како и тоа дека „Физички пресметки и секое однесување кое е спротивно на горенаведените етички принципи на даночната служба, е недозволиво од било кое службено лице без разлика на неговата позиција во хиерархијата на УЈП, а особено активности со кои се нарушува угледот,честа, објективноста и достоинството на даночната служба“.
-Секое однесување спротивно на кодексот и етичките принципи на даночната служба, вработениот постапува и спротивно на должностите на даночните службеници уредени со член 26 од Законот за Управата за јавни приходи- стои во одговорот од УЈП.
Но ова не е прв инцидент на заменик-директорот на УЈП Скопје Исмет Гури, за кого внатрешната контрола реагирала и за други физички напади, за што е и суспендиран од регионалната дирекција Скопје. Гури, кој е дел и од истрага на СЈО како член на општинска изборна комисија во Чаир, сега за време на испадите се служи со имињата на новото раководство, директорката Лукаревска и Заев нагласувајќи ги како негови блиски куќни пријатели и негова заштита.
Исмет Гури, заменик-директор во УЈП, другар на Заев и Лукаревска, со боксови тепал вработени
Останува отворено прашањето колку ваквото „досие“ на Гури со јадење „живи луѓе“ не се нарушува „угледот,честа, објективноста и достоинството на даночната служба“, во чиј што Кодекс на однесување и Етички принципи неколку пати се нагласени политичка непристрасност и неутралност, особено ако во своето делување се служи со имињата на политички функционери?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.