Откако пред две години неговата сопруга Ребека ја загуби битката со ракот, вчера поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд објави дека останал и без својата мајка. За болката да биде уште поголема, болеста која не успеала да ја победи мајката на Рио е истата онаа која му ја зема и сопругата.
– Скршени сме од тага, денеска нашата мајка ја загуби битката со ракот – изјавилe од семејството Фердинанд.
– Таа беше инспирација за нас, сите ја сакавме, таа беше најневеројатната баба на светот, не знам како ќе продолжиме без неа – изјавил Рио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.