На сцената на Долни Сарај со почеток од 20:30 часот гостува Балетска претстава ЛА ЛA ЛА… на МОБ-Македонска Опера и Балет. Музиката е на врвните мајстори Драган Ѓаконовски-Шпато, Тодор Бојаџиев и Дуке Бојаџиев. Кореографија и идеја за костими: Саша Евтимова.
– Ова е една кратка и весела претстава која верувам ќе им се допадне на сите генерации, посебно на постарите, а за младите ќе биде едукативна за едно убаво време и за едно Скопје за кое понекогаш можеби сите мечтаеме, вели Евтимова.
Таа упатува благодарност на композиторите чија музика е подлога на претставата и без која, како што рече, не би можело да се покаже убавината на Скопје.
– Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, носталгија, работи поврзани со нашето минато. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и напише една страница во книгата на нашиот живот, рече кореографката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.