| четврток, 6 декември 2018 |

На #ЗдравоТаравари се пријавуваат проблеми или се фали министерот?

Јавноста веќе коментираше дека акцентот треба да биде ставен на Министерството за здравство, а не лично кон министерот. Министерот ќе се смени, но министерството и проблемите остануваат и тие треба да се решаваат. Кога станува збор за здравјето, секој во рамките на своите можности ќе стори сѐ за да го реши проблемот. Но, дали министерот има време да „четува“ и да одговара на сите пораки? Дали овие пораки ќе ја дадат реалната слика за проблемите во овој сектор? Дали овој начин на комуникација може да биде исполитизиран и тоа токму во сектор кој е многу важен во едно општество? Сѐ друго ли се реши во здравството, па сега остана овој начин на комуникација со пациентите? Или пак на крај, за жал, ќе се сведе само на себепромоција?

Дали горливите прашања во здравството и проблемите во здравствените институции може да се решат со телефонската линија што ја отвори Арбен Таравари, ќе се покаже по извесно време. Дали телефонската линија #ЗдравоТаравари е маркетиншки трик, односно чист популизам или пак навистина ќе донесе нешто ново, ќе се види откако ќе се сумираат пристигнатите пораки и ќе се изврши анализа кој најчесто му пишувал на министерот, за што се жалел или каква идеја имал за да се подобри здравството и здравствените услуги во Македонија.

Таравари објави на Фејсбук дека почнува да функционира телефонската линија 071/349-999, на која може да му се обрати секој што има некаков предлог, пофалба или забелешка. Овој невообичаен проект на министерството предвидува секој граѓанин со каква било идеја да може да му пише на Таравари или да му испрати порака лично.

Но, јавноста веќе коментираше дека акцентот треба да биде ставен на Министерството за здравство, а не лично кон министерот. Министерот ќе се смени, но министерството и проблемите остануваат и тие треба да се решаваат. Кога станува збор за здравјето, секој во рамките на своите можности ќе стори сѐ за да го реши проблемот. Но, дали министерот има време да „четува“ и да одговара на сите пораки? Дали овие пораки ќе ја дадат реалната слика за проблемите во овој сектор? Дали овој начин на комуникација може да биде исполитизиран и тоа токму во сектор кој е многу важен во едно општество? Сѐ друго ли се реши во здравството, па сега остана овој начин на комуникација со пациентите? Или пак на крај, за жал, ќе се сведе само на себепромоција?

Граѓаните преку електронска порака на Ватс ап или Вибер може да се обратат со каква било идеја, пофалба, предлог, или пак неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем. Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги чуе мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем.

#ЗдравоТаравари е хаштаг кој е креиран на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер во рамките на стратегијата за социјални медиуми со цел подобро следење на сугестиите и мислењата на пошироката јавност за работата на министерството.

За една недела на Вибер и на Ватс ап линијата „Здраво Таравари“ биле пристигнати над 2.500 пораки на Вибер и неколку стотини пораки на Ватс ап, и генерално најголемиот број од пораките содржат сугестии за унапредување на здравствениот систем во повеќе различни сегменти, велат од Министерството за здравство.

– Потсетуваме дека станува збор за телефонска линија која функционира со електронски пораки на овие две апликации, така што преку електронска порака граѓаните можат да се обратат до министерот со каква било идеја, предлог, со пофалба, или пак да известат за одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем – објаснуваат од Министерството.

Во досегашните пораки дел од нив содржат честитки за оваа иницијатива и транспарентна комуникација со граѓаните.

– Досега се упатувани и пораки со конкретни прашања за одредени здравствени услуги, а генерално, најголем број од пораките содржат сугестии за унапредување на здравствениот систем во повеќе различни сегменти – објаснуваат од Министерството.

Според нив, сите пристигнати прашања се прочитани, сортирани и проследени до надлежните сектори за конкретната проблематика.

– Министерството за здравство е отворено за комуникација со граѓаните и токму овие алатки овозможуваат одблиску да ги слушнеме мислењата на граѓаните и докторите, односно на сите засегнати страни и заеднички да креираме позитивни промени во здравството – велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека во претстојниот период планираат и воведување на нова практика.

– Се планира воведување на видеа во живо со министерот или со доктори и експерти од различни области, на кои граѓаните ќе имаат можност директно да им поставуваат прашања на теми од нивни интерес и веднаш да добијат стручен одговор – информираат од Министерството.

Дали #ЗдравоТаравари ќе даде резултати или ќе биде популистички потег како оној на поранешниот претседател на Венецуела Хуго Чавез, кој ја имаше контактната телевизиска емисија „Ало, президенте“, во која гледачите директно му се јавуваа во програма на Чавез, останува времето да покаже.

Пишува: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
(Текст објавен во 254. број на неделникот „Република“, 14.7.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top