| четврток, 6 декември 2018 |

Ако прозборам јас, ќе те боли-Шашиќ уште побрутално возврати на Лукасовите прозивки!

Откако Аца Лукас жестоко го извреѓа во своето отворено писмо, Жељко Шашиќ му возврати со иста мерка.

Шашиќ Лукасовите навреди и прозивки иронично ги искоментира, а на Аца му порача да се тестира на дрога.

-Можно е и поголеми се шансите да бил под дејство на опијати кога го пишувал ова, отколку да не бил. Треба да иде на тестирање- изјави Жељко и потоа ги нападна и Лукас, но и поранешната жена Соња.

-Сакам да се откачат од мене и двајцата бидејќи не ме интересира што прават. Мене ми е криво што се разведуваат, бидејќи создадени се еден за друг, со слична психичка состојба. Мене ми е срам, наместо нив кои својот живот го изложија на јавноста. Нивната евтина сапуница Лукас-Соња-Јариќ е жив блам-рекол Шашиќ, кој на крајот и му се заканил на Лукас.

-Ако почнам јас да зборувам за него, има да го боли. Знам многу работи за него, бидејќи не сум дементен, а тој изгледа е, штом заборава што се знам за него. Мене не ме допира што зборува тој, бидејќи Лукас никој не го сака-заклучил Шашиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top