| четврток, 6 декември 2018 |

Судбината на Македонија повторно ќе се решава зад затворени врати без македонски претставник

По неуспешната дипломатија на шарм на Заев и Димитров, македонски претставник не беше поканет на трилатералната средба во Атина помеѓу Премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов и Претседателот на Србија Александар Вучиќ. Не присуството на оваа средба на претставник на Македонија немаше да претставува проблем доколку една од темите на кои ќе се разговара е Репбулика Македонија.

Проблемот настанува поради лошото историско искуство кое Македонија кое како држава го има кога нашите соседи зад затворени врати ја решавале судбината на нашата држава. Денешните времиња потсетуваат на времињата пред Балканските Војни кога нашите соседи на зелена маса ја договорале поделбата на македонските територии. Посетата на Заев на Бугарија каде што вети промена на историјата во македонските учебници за подобрување на односите со Бугарија сепак не беше доволна за македонски претставник да присуствува на денешната средба. Ниту пак ветувањата за виткање на кичмата во спорот со името на Заев   не му обезбедија место на зелената маса во Атина. Да не заборавиме дека Заев имаше директни навреди кон владата на Србија која ја нарекуваше националистичка и недемократска, да не заборавиме дека македонски пратеници од составот на СДСМ присуствуваа на протесите против Вучиќ во Белград. Можеби како резултат на тоа  Македонија нема претставник на средбата во Атина

Имено во својата колумна за порталот Плус Инфо првиот министер за надворешни работи Денко Малески насловена ,,Самит во Солун: Македонија на менито на Грција, Србија и Бугарија’’  вели:

-Извира ли историјата под нашите нозе? Иако ставени во европска и НАТО рамка, интересите на балканските држави имаат своја автономна воља. Вистина, таа воља не може така лесно, како во минатото, да предизвика војна, но старите ривалства околу Македонија се присутни и во модерниве времиња. Тоа ќе биде така се додека постои системот на држави. Имено, правило број еден на меѓународната политика на суверени држави гонети од своите интереси за безбедност и благосостојба, е да се влијае врз се што може да се влијае. Големите сили влијаат врз светските настани а регионалните сили врз регионот во кој се лоцирани. А малите држави?
Малите држави кои немаат доволно моќ па нивниот простор за маневрирање е толку тесен што неретко се движат по острицата на жилетот, не влијаат врз никого. Нивниот успех е да опстанат!

Дали дипломатијата на шарм која ги погази сите македонски црвени линии и национални интереси на крајот ќе резултира со тотален неуспех на надворешен план на владата на СДСМ? Оптимизмот кој владата го имаше по средбите со соседите за македонскиот народ значеше само страв од тоа што е Зоран Заев спремен да потпише за да ги исполни ветувањата пред центрите на моќ кои насила го донесоа на власт. Дали повторно без македонски претставник како во Букурешт 1913 година Македонија ќе биде распарчена и територијата ќе биде поделена помеѓу соседите?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top