| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозна дама во црвено-дали Путун случајно ја покажа жената за која зборува целиот свет?

Претседателот на Русија, Владимир Путин одмара на северот на својата земја и судејќи по снимките од одморот, не отишол сам.Друштво му прави мистериозна дама во црвено.

На снимката на телевизијата Звезда се гледа моментот кога Путин го паркира својот мерцедес МЛ пред манастирот „Спасо-Преобразенски“, потоа излегува од автомобилот и џентлменски оди да и отвори врата на својата сопатничка, која седела на задното седиште.

Се чини дека рускиот претседател сметнал од ум дека камерите и фотоапаратите го следат, па без многу размислување ја отворил вратата на автомобилот. Сопатничката на Путин со рака му покажала нешто, веројатно дека фотографите се присутни, после што тој ја затворил вратата, како во автомобилот да нема никој и во манастирот отишол сам.

Поради затемнетите стакла не било возможно да се фотографира лицето на мистериозната дама која на Путин му прави друштво на одморот, но краткиот кадар на кој се гледа дел од црвениот фустан или црвена ташна, доволен бил да тргнат нагаѓања  за тоа дали Путин има нова жена. Сомнежот бил подгреан од фактот дека сите руски медиуми го исекле овој дел  од снимката во прилозите кои ги емитувале подоцна.

Руската служаба прво не се огласувала за дотичната дама, а потоа било кажано дека дамата бил дел од Путиновото обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top