Додека Куманово тоне во ѓубре, диви депонии запалени на секоја страна, а кучиња скитници сето тоа го разнесуваат, кумановскиот градоначалник нема абер од конкретни мерки за решавање на сето тоа, истакна Анета Шандева од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, чиј говор во продолжение ви го пренесуваме интегрално.
– Алармантна е ситуацијата повторно кај населбата Перо Чичо, кај населбата Средорек, Проевце и Центар. Граѓаните тонат во смет, влезовите пред зградите се затруени од неисчистените контејнери и треба да се реагира веднаш за дезинфекција. Градскиот кеј и реката се загадени и заразни од лошата миризба која се шири долж коритото низ градот. Топлото време и ѓубрето се заразна и лоша комбинација. Реагираат родителите на малите деца, пензионерите. Исто така ископаните улици за наводна санација се заборавени од Јавните Претпријатија, па и од Чистота и Зеленило. На тие места немаат влезено со месеци да го изнесат ѓубрето. Граѓаните сами на свој трошок се снаоѓаат, истакна Шандева
– Очигледно дека СДС и Дамјановски водат политика за свои интереси. Граѓаните на Куманово покрај тоа што се оставени да се справуваат со ѓубрето, оставени се и без вода во овие тропски температури. На неодговорноста и нема крај, граѓаните се измамени и разочарани. Низ годините на нивното удобно владеење СДС покажаа дека интересите на нивните функционери, администрација, членови и активисти се секогаш приоритет, па макар и да се прави криминал за задоволување на потребите. Такви примери се многу почнувајќи од високи сметки по скапи ресторани, луксузни автомобили, па се до набавката на овошје и зеленчук за свежи салати во Претпријатието, дополни таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.