| четврток, 6 декември 2018 |

Села: На наредниот попис да се регистрираат и Бугарите, тогаш Албанците ќе бидат мнозинство тука во Македонија (видео)

-Јас кажав дека се знае колку се Албанците но, реално треба да знаеме Македонците колку се. Ако им се дозволи, и јас сум за тоа на наредниот попис да може да се регистрираат и Бугарите, тогаш Албанците ќе бидат мнозинство тука во Македонија – вели Зијадин Села за време гостувањето во Тв 21.

Тој смета дека во моментот кога ќе се дозволи да се регистрираат и Бугарите, односно да има графа за Бугарите да се регистрираат, тогаш реално ќе се знаело кој, колку е како број тука во Македонија.

Понатаму додава дека ќе инсистира, после 100-те дена Влада, да се отвори дебата за химната, за знамето, за грбот.

-Да, ќе покренеме иницијатива во парламентот за дебата и да се промени! зошто да не!? Што има лошо во тоа? И да се осуди геноцидот од тој период и зошто да не се вклучи и друг период, нема воопшто ништо лошо во тоа – вели Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top