| четврток, 6 декември 2018 |

„Лејди ин ред“: Која е дамата во црвено што сакаше да ја сокрие Путин? (Видео/Фото)

Рускиот претседател, Владимир Путин, деновиве го посети својот омилен ресорт во северна Русија, каде што воедно беше во посета и на еден манастир.

Сепак, она што привлече внимание кај јавноста, не е посетата, туку еден интересен момент кој што се случи непосредно по паркирањето на автомобилот. Путин тргна со намера да ја отвори задната врата од џипот, но личноста која седеше на задното седиште му даде знак да ја затвори, по што претседателот веднаш послуша.

Од она што може да се види од видеото изгледа дека станува збор за жена облечена во црвено, чијшто идентитет и понатаму останува непознат. Медиумите веќе на големо шпекулираат дека можеби има нова дама во животот на претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top