Пак ги напикаа да бидат портпароли и министри во Владата. Да бидат потпретседатели на партии. Кандидати за пратеници. Лидери на револуцијата со пенкало. Нели јас сакав да правам политичка кариера?! Нели јас сакав да бидам генерален секретар?! Нели јас сум КОС и УДБА. Види богати изгледа сум јас единствениот форсиран од КОС и УДБА на кој шест пати му е забранувана емисијата и во целата моја кариера ниту еден ден не сум бил главен уредник на некој медиум. Овие не-удбашите и не-косовците корени пуштија како главни уредници и уредници. Ја проверував пред некој ден документацијата. Од 1998 година (пред тоа живеев со моите и при селењето ми се има изгубено дел од документацијата) не сум бил на ниту едно службено патување со претседател на држава, премиер или некој министер. На ниту едно. Ги објавија списоците на новинари кои биле хонорирани од Црвенковски, Трајковски, Георгиевски, Бучковски и види богати таму новинари и новинаришта, ама мене ме нема. Нула хонорари. Нула службени патувања. Нула денови на функција. Нула денови во политика. Нула денари од која и да е влада.Нула денари од Сорос и меѓународни грантови.Нула денари од Управни одбори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алфа: Анализа на Васко Ефтов за референдумот (видео)
-
Ефтов: Зоран и Заев се во постојана комуникација и дијалог иако повремено не се разбираат
-
СДСМ од сериозна партија по 20 години стана невладина организација на Сорос (ВИДЕО)
-
Опасните тези на Заев водат кон внатреалбански конфликт и рушење на унитарноста