| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ од сериозна партија по 20 години стана невладина организација на Сорос (ВИДЕО)

Подолго време се истакнува дека СДСМ е киднапирана партија, чиjaшто политикa ja води Соросовата инсталација, спроведувајќи ги Соросовите политички агенди. Тоа сега доби потврда од поранешниот висок партиски функционер Љупчо Палевски, кој оди до таму што место партија, за СДСМ зборува како за невладина организација од мрежата на Сорос.

Поранешниот претседател на градската организација Палевски посочива дека СДСМ од сериозна политичка партија, по 28 години станала невладина организација на Џорџ Сорос.

–Од сериозна политичка партија, по 20 и кусур години стана невладина организација на Џорџ Сорос, со име СДСМ – рече Палевски.

Ваквата оцена на Палевски дојде по анализата на Васко Ефтов во емисијата „Во центар“, дека СДСМ има поголеми шанси да биде водечка партија на македонските Албанци, отколку водечка партија на Македонците. Ефтов иднината на партијата ја спореди со судбината на грчката СИРИЗА составена од три дела.

–Едниот дел што личи на стариот СДСМ, вториот дел составен од Албанците, можеби Теута Арифи или Ермира Мехмети, односно луѓе што гледаат дека пропаѓа структурата во ДУИ или нивните позициии во рамки на ДУИ, тие да преминат во структурите на СДСМ и третото е СДСМ да биде составен од тие првенци на тој невладин сектор во рамки на Република Македонија – вели Ефтов.

– Меѓутоа во овој момент, Зоран Заев нема никакво друго излезно решение, освен да ја турка таа стратегија и тоа сценарио- вели Ефтов, кој додава дека таа симбиоза на СИРИЗА-варијанта, СДСМ невладин сектор и одредени албански структури ќе ја направи многу кревка позицијата на СДСМ на македонската политичка сцена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top