| четврток, 6 декември 2018 |

Чепреганов: Бојко Борисов на Мечкин камен ќе ги поздрави Македонците со Бугарите во Македонија (ВИДЕО)

Историчарот Чепреганов потенцира дека е за поздравување потпишувањето на добрососедски договор како политички чин и дека вакви договори мора да постојат, но од голема важност е содржина на тој договор да биде подеднакво добра и за двете земји кои ќе го потпишат договорот.

– Ако Бугарија е држава која има своја нација, свој јазик, своја култура, на другата страна имате исто така држава која Бугарите ја признава како држава, меѓутоа не ја признаваат нацијата, јазикот и културата. Тоа што зборува, еве да претпоставиме, во Крушево ќе дојдат двајцата премиери, треба да се обратат. Премиерот Заев ќе излезе и ќе се обрати: „Македонски народе!“. Како ќе излезе бугарскиот премиер да се обрати на присутните на Мечкин камен? Ќе се обрати како „Бугарите во Македонија“, полемизира Чепреганов во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, во која гостуваше заедно со Владимир Перев. 

Според Чепреганов  не треба да се избрише ништо во учебниците по историја. Тие се направени од македонски историчари. Според него во македонските учебници има лекции за историјата на секоја земја од Балканот, додека пак во ниту една балканска држава нема лекција за македонската историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top