| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар од Малме се враќа со одличен резултат, на „Сведбанк арена“ одигра 1-1 (видео)

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го имаше огненото крштевање оваа сезона во квалификациите за Лигата на шампионите против екипата на Малме.

Првиот меч заврши со одличен резултат за „црвено-црните“ бидејќи на „Сведбанк арената“ на теренот на противникот одигра 1-1 и со предност со гол на гостински терен ќе го пречека Малме во реваншот кој ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Вардар ја препушти играта на домаќинот, но никако не дозволуваше Малме лесно да стигне до позиција од која ќе упати удар на голот на Гачевски. Иако поседот на топката и иницијатавата на средината на теренот ја имаа Швеѓаните, Вардар беше екипата која прва посериозно се закани кон противничкиот гол. Во 21. минута Фелипе и Николов го пронајдоа Балотели, овој биеше во поблискиот агол, но топката заврши во надворешниот дел од мрежата.

Во првиот дел за одбележеување е и првата шанса на Малме дури по 25 минути игра кога Ракин од далечина од далечина се обиде да го измами вардаровиот голман но овој со врвот на прстите ја исфрли топката во во корнер. Репрезентативниот голман потоа со рака го одбрани ударот од непосредна близина на Бергет. Најзрелите можности двете екипи сепак ги оставија за финишот на првиот дел.

Најнапред во 34. минута Балотели имаше празен гол, по една топка која среќно стигна до него, но ударот од 12-13 метри од десно заврши над пречката. Пет минути подоцна Бергет убаво си ја префрли топката од десната на левата нога, за да пласира во спротивниот агол, но ударот за малку заврши крај дирекот. Рамноправниот Вардар на одмор замина со почетниот резултат.

Во второто полувреме првата шанса за гол ја имаа играчите на Малме кога Кристијансен шутираше од 25 метри, но над голот на Вардар.

Нашиот тим во првиот дел создаде шанси за гол, но тоа го реапизираше во 63 минута преку Бобан Николов кој по една акција по левата страна на Фелипе и Балотели со одлична дијагонала по земја успеа да го доведе својот тим во водоство од 1-0.

Сепак, радоста на македонскиот шампион траеше само 12 минути, бидејќи вардаровата одбрана подзаспа по центаршутот на Еикрем, а највисока скокна Брорсон и ја погоди мрежата на Гачевски (1-1). Не минаа ниту пет минути, а Малме имаше уште една голема шанса. Сванберг излезе сам пред вардаровиот голман, но Гачевски на фантастичен начин го одбрани неговиот недоволно прецизен удар.

Четири минути подоцна, Кристијансен имаше шанса да го доведе Малме во водство, но Гачевски беше сигурен.

Во 87.минута, Нилсен имаше можност по корнерот од левата страна, но не беше прецизен.

На крајот Малме можеше да стигне и до победа. Брорсон во четвртата минута од судиското продолжение распали од 14 метри откосо од десната страна, и ја погоди гредата. Вардар имаше голема среќа во завршницата.


Malmo FF (Swe) 1-1 Vardar (Mac) ALL GOALS… by gameofsports

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top