| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да им дава субвенции на земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ луѓето ја карактеризираат како селанска партија, меѓутоа ние продолжуваме со таквата практика и давањето на субвенции на земјоделците, бидејќи земјоделието го сметаме за една од носечките гранки, а со самото тоа и водоснабдувањето, истакна Иван Иванов на денешната панел дискусија „Подобри и различни-поголема децентрализација на поранешните водни капацитети“.

– Не случајно во нашата програма се предвидени голем број на проекти кои што се од оваа област и ако не се лажам годишно се предвидени околу 20 милиони евра инвестиции во водостопанскиот сектор. Една капитална инвестиција е исто така и браната Речани на оризарска река, а тоа ќе биде еден капитален проект со кои покрај водоснабдувањето на Кочани, ќе придонесе и наводнување на над 1 500 нови земјоделски земјишта. Со тоа трајно се решава водоснабдувањето на Кочани, а оние кои што не знаат сега водоснабдувањето во Кочани се препумпува двапати и тоа е голем товар за фабриката за преработка на вода, потенцираше Иванов.

Тој истакна и дека продолжуваат со законските измени во земјоделието кои се во интерес на граѓаните и законот е веќе влезен во собрание и очекуваме и колегите  кои се од сегашното мнозиство да дадат поддршка со оглед на тоа што овој закон е од општ интерес за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top