Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, денеска истакна дека од задутре тутунот ќе се откупува и за време на викендите. Коњановски по посетата на пунктовите во Прилепско и работната средба со откупувачите истакна дека тутунот ќе се откупува секоја сабота и недела.
– Будно ги следиме состојбите и бараме Законот за тутун да се почитува во целост. Секој тутунар што смета дека е оштетен при процената, треба да се обрати до Инспекторатот за земјоделство за да се направи повторна процена од страна на Второстепената комисија – потенцира Коњановски.
Според Коњановски, досега се откупени повеќе од 16.000 тони тутун, додека просечната цена е 154 денари за килограм, а досега на 10 компании им се изречени казни за непочитување на Законот за тутун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.