Крилниот напаѓач, Даглас Коста утрово ги мина лекарските прегледи во базата на Јувентус, а потоа и официјално го потпиша договорот со италијанскиот шампион, според кој една година ќе настапува во Јуве како позајмен играч. За првата сезона, „старата дама“ на Баерн Минхен ќе му плати 6 милиони евра, а потоа е обврзана да го откупи договорот на Бразилецот за сума од 40 милиони евра.
Дека е се готово со овој трансфер, потвдија и од Јувентус, каде денес со ново видео открија дека следната сезона Д. Коста ќе го носи дресот со број единасет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.