Според пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денешната иницијатива за разрешување на Јавниот Обвинител претставува класичен пример на партиски реваншизам. Тој истакна дека не е изненаден од образложението на претставникот на владата кое траело пет или шест минути, време кое е прекратко за да образложи волку сериозна одлука. Тој додаде дека образложението од владата е препишан текст од неколку прес конференции на СДСМ и нема ниту еден податок, бројка, нема анализа за капацитетите на работа и за стандардите, нема ниту мерит систем единствено нешто кое го има владата како аргумент е партискиот реваншизам.
„Денешната иницијатива е класичен партиски реваншизам, што е во насока на сето она што го гледаме во почетокот на мандатот на оваа влада. Тоа не е веројатно одлика на претставникот на владата, но е генерална карактеристика на целата влада“ – изјави Димовски.
Илија Димовски истакна дека спротивно на законот се назначија директори во еден куп агенции како на пример на Агенцијата за администрација и Управата за Јавни Приходи. Со тоа на јавноста и е јасно дека СДСМ нема намера да се исполнат предизборните ветувања за департизација, подигнување на ефикасност и квалитетот на работа на институциити. Намерата на СДСМ е груба партизација и читање на прес конференции за вакви сериозни теми и одлуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)