| четврток, 6 декември 2018 |

Сите очекуваа да се смири со Марко, а таа е фатена во страсни пози со турски писател! (Видео/Фото)

Адријана Лима во понеделникот ја напушти Црна Гора, а неколку часа подоцна фатена е на турскиот аеродром со турски писател.

Станува збор за Метин Хара, има 36 години и познат е во Турција.

Тој ја дочека Лима на аеродром, а штом Адријана излегла го фатила од рака, со што јасно стави до знаење дека е во прашање врска која не ја кријат.

По дочекот на аеродром, новопечениот пар се упати на ручек, каде се фатени во страсни пози.

Инаку Метин пред 4 недели објави фотографија со Лима, со тоа што тогаш никој не се сомневаше дека во прашање е љубовна романса.

Метин со кратка изјава ја потврди љубовта со Лима.

-Адријана и јас се запознавме во Истанбул на 11 јуни. Сфативме дека имаме взаемни чувства, но се уште се запознаваме- рекол Метин.

Лима до понеделникот, до доаѓањето во Бодрум, беше во Црна Гора со Марко Јариќ, ќерките и неговата мајка. Иако сите го очкуваа големото смирување на поранешните сопружници, од тоа дефинитивно нема да има ништо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top