Професорот Владо Камбовски реагира на колумната на Љубомир Фрчковски во која професорот Фрчковски со навредливи зборови го оспорува изборот на Владо Камбоски за претседател на Стратешката комисијата на Владата, која треба да ги спроведе реформите на Прибе во земјава.
Камбовски најави и тужба против својот колега Фрчковски бидејќи, како што истакна, фрапиран е од количината на злоба и беспримерни лаги. Според зборовите на Камбовски тој вопшто не бил запознаен дека ќе биде претседател на некаква комисија во владата, но ако се побара од него, би прифатил. Професорот запраша како авторот на колумната дознава за одлуките на Владата и дали тој е нејзни ментор или супервизор.
За својот колега Камбовски не штедеше зборови, па го нарече „криминогена амеба која се формирала низ службување на сите предходни влади“.
„Опскурна личност, потрошена таксена марка, полн со бескрајна дрскост, екстремен егоизам и вродена омраза, со која целиот период на транзиција Фрчковски го контаминирал медиумскиот простор со тежок радиоактивен отпад” се епитетите со кои Камбовски го опиша својот колега.
Според Камбовски доволно е да бидат споменати бројните кривични пријави за злоупотреби и како и кривични тужби како и стекната способност на политичка јагула за знаменитиот јунак на македонската транзиција, кој е создаден како ,,Апсолут на неморално,користољубиво и криминогено битие (затоа бега од самото споменување на законот како ѓаволот од крстот!)’’
Тој додава:
,,Навредливите ставови на оваа опскурна личност не може да засегнат, напротив, земајќи ги како контрапункт на исправното- само ве зацврстуваат во уверувањето дека сте на вистинскот пат. Особено ни мене, ни кој било друг од научната фела може да го тревожат неговите оценки за тоа дали сум научник или не, колкаво и какво е моето знаење итн. Кога тие доаѓаат од човек кој е, за жал, редовен професор на правни студии, а не е и не може во Одборот за акредитација и евалуација да биде акредитиран за ментор на докторски студии, зашто нема никаква релевантна научна продукција, работата е сосема јасна. За науката има вредност на „поништена таксена марка“ човекот кој смета (арно велеше Цепенков: „има многу филозофи што станале гоедари, и многу гоедари што станале филозофи„) дека врвното знаење е содржано во неговите (добро платени) колумни, пишувани според политичката потреба на денот и моменталната финансиска потреба на авторот.’’
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фрчковски со закана до судиите дека ќе одговараат кривично, се создава судство по теркот на СДСМ!?
-
Фрчкоски открива детали од предавничкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ: Прво ќе го смениме името
-
Како директорот- среднист Ордановски стана интелектуален рекетар на СДСМ
-
Заев стана послушник на лоби групи, ги минираше разговорите во Брисел