Заев стана послушник на лоби групи, анализира Алфа ТВ. СДСМ ги минираше разговорите во Брисел и постигнувањето на конечен договор. По првичниот договор со еврокомесарот Хан во Скопје, поддржувачите на опозицијата почнаа жестоко да ги напаѓаат европските дипломати.
СДСМ ги минираше разговорите во Брисел и постигнувањето на конечен договор. По првичниот договор со еврокомесарот Хан во Скопје, поддржувачите на опозицијата почнаа жестоко да ги напаѓаат европските дипломати, а новинарите кои важат за блиски до опозицијата го повикаа опозицискиот лидер да ги напушти разговорите.
Очигледно Заев не издржа на притисокот и стана марионета на одделни фракции во СДСМ. Денеска изјави дека во вторник нема да присуствува на разговорите, па дури и се дрзна да го нарече еврокомесарот Хан пристрасен.
Она што е индикативно е веста за постапката која Обвинителството ја отвори за Заев. Опозициските медиуми , но и лидерот на СДСМ излегоа со информација дека тоа се случило само неколку дена по договорот со Хан. Го толкуваат како притисок и некоректен потег на власта за заплашување и уцена на Заев во фаза на разговори пред постигнување на конечно решение. Но како што дознаваме се работи за манипулација. Јавното обвинителство уште минатата недела односно пет дена пред разговорите во резиденцијата на ЕУ во Скопје веќе го имала изготвено обвинителниот акт.
„Последицата е јасна и неодминлива – анулирање на средбата во Брисел како последица од крајно дебалансирање на односите на преговарачите. …Радикално одбивање да се учествува во сега понижувачко дебалансираниот „дијалог“ со посредници во Брисел и отворање на порадикалните опции на судир , пишува Фрчковски.Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


