По одличната „Седум дена, седум ноќи“, Димитар Андоновски и момците од „Тајфата“ подготвуваат уште едно изненадување за публиката. Тие пред неколку дена го завршија снимањето на видеоспотот за нивната најнова песна „Остани“, на која повторно како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.
-Станува збор за брза етно-поп тема, за која сме убедени дека ќе биде хит. Последната наша песна „Седум дена, седум ноќи“ беше одлично прифатена и сметаме дека токму тој звук и се допаѓа на публиката- велат момците од бендот.
Спотот се снимаше на плажата во Стење и тоа повторно под режисерската палка на „Веста продукција“ од Битола. Инаку Димитар и Тајфата и покрај набиената агенда од настапи и свадби, на 16 -ти во недела ќе настапат на овогодинешниот „Пиво-фест“ во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.