| четврток, 6 декември 2018 |

И Саркози бега од Франција

Sarkozy grilled over campaign donations
Според британските медиуми, поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози планира да се пресели во Лондон и таму да основа инвестициски фонд вреден повеќе од милијарда фунти, за да може да го избегне рекордниот данок од 75 проценти.

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, планира да се пресели во Лондон и таму да основа инвестициски фонд вреден повеќе од милијарда фунти, за да може да го избегне рекордниот данок од 75 проценти во својата татковина. Деталите од планот за преселба во Британија биле пронајдени минатиот јуни, во текот на полициската рација во неговиот стан во Париз, објавуваат британските медиуми.

Како што наведуваат британските медиуми, Саркози и неговата трета сопруга, поранешниот супермодел Карла Бруни, веројатно ќе се преселат во богатата населба Саут Кенсигтон, и така ќе станат најпознат и највлијателен пар во британската престолнина.

Меѓутоа, поранешниот претседател се наоѓа под истрага заради корупција, и ако се пресели преку Ла Манж јавноста ќе биде шокирана.

Ако се пресели во Лондон, овој контроверзен француски политичар ќе му се придружи на актерот Жерард Депардје и на најбогатиот свој сонародник Бернард Арноу во бегството од потенцијалното оданочување од 75 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top