Доналд Трам со доаѓањето на местото како на еден од највилијателните личности на светот, претседателот на САД, ги сврте очите на целиот свет кон себе, додека покрај него вниманието го привлече и неговата сопруга Меланија Трамп.
Нивниот однос од самиот почеток, беше анализиран, проценуван, често се говореше за нивната емотивна (не)наклоност, но тие и понатаму непрекинато ги извршуваат своите должности на претседателска двојка. Се пишуваше дека се пред развод и дека Меланија има љубовник за кој подолго време знае и Трамп. На јавноста и пречи и тоа што претседателот до неодамна имаше и игноратски однос кон својата сопруга за време на јавни појавувања. Но и тоа заврши, бидејки Меланија почна да му враќа. Дали тоа однесување вроди со плод може да се види од гестот кој претседателот на САД го покажа кон својата сопруга веднаш по нејзиниот говор кој го оддржа во Полска. Трамп јавно ја бакна Меланија.
Говорот на првата дама на САД го изенади Трамп, кој не можеше да ја сокрие среќата, бакнувајќи ја притоа, пред сите и изјавувајќи: „САД има бројни сјајни дипломати, но нема подобар амбасадор на нашата земја, од нашата прекрасна прва дама. Фала ти Меланија, ова беше прекрасно!“. Покрај Трамп, Меланија со овој говор го воодушеви и светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)