Осуммина напаѓачи на Американецот на грчкиот остров Закинтос, меѓу кои се и шестмина Срби се обвинети за тешко кривично дело групно убиство со предумисла.
Најмалата казна за тоа кривично дело е 10 години затвор. Приведените ги посетил почесниот конзул на Србија во Кефалонија.
После сослушувањето осуммината обвинети се вратени во притворската единица на Закинтос каде ќе останат до вторник кога ќе бидат изведени пред истражен судија. Таа информација на грчките медиуми ја потврдило и српското министерство за надворешни работи.
„Приведените српски државјани ги посетил почесниот конзул на Србија во Кефалонија Виктор Рухас кој разговарал со нив и началникот на грчката полиција на Закинтос.
Уапсените српски државјани немале забелешки на третманот во притворот. Амбасадата е во контакт со надлежните грчки органи и им ја нуди на нашите државјани сета расположлива конзуларна помош“, соопштило министерството.
Шестмина Срби се уапсени во петокот поради убиството на Афроамериканецот Бакариј Хандерсон кое се случило во петокот после караници во ноќен клуб.
Во вакви ситуации, пракса е на странски државјани да им се суди во земјата во која е направено кривичното дело.
Адвокатот Александар Цветиќ открива дали грчките власти се неблагонаклонети кон странци кои се теретат за такво кривично дело. Тој советува семејствата да ангажираат адвокати од Србија.
До судирот на Закинтос во кој е убиен Американецот, а поради кој се уапсени шест Срби наводно дошло поради фотограифрање со келнерката. Со оглед дека тоа не е единствената верзија на приказната, причината и начинот на кој сега починатиот е убиен ќе утврди полициската истрага.
Уапсените се млади момчиња кои имаат помеѓу 18 и 25 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)