Специјалната епизода на регионалното политичко ТВ-шоу ќе се снима во Трст во вторник, а гостите ќе се обидат да одговорат на прашањата каква е денеска регионалната политичка соработка, какви се шансите регионот на Западен Балкан да стане единствен пазар со над 20 милиони жители, што се заедно може да се направи на полето на инфраструктурата и економскиот развој и други теми, најави главниот и одговорен уредник на шоуто Звездана Коваќ, која е извршен директор на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа со седиште е во Солун, пренесува Танјуг.
ТВ-шоуто ќе се снима пред одржувањето на Самитот во Трст, кој ќе започне на 12 јули и на кој се планира економско обединување на Западен Балкан. Станува збор за создавање на регионална економска зона, без трговски бариери и со усогласено законодавство.
На самитот во Трст кој ќе започне на 12 јули се планира економско обединување на Западен Балкан. Станува збор за создавање на регионална економска зона, без трговски бариери и со усогласено законодавство. Обединувањето во регионалната економска зона ќе се случи со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а во неа ќе бидат вклучени Црна Гора, Албанија, Босна, Косово, Македонија и Србија.
– Земјите од Западен Балкан се надеваат дека ќе се приклучат на Европската унија, ќе го стартуваат проектот за време на средба со европски претставници и финансиски институции следната недела во Трст, изјави потпретседателот на ЕБОР, Пјер Хејлброн.
Целта е да се создаде единствен пазар од 20 милиони луѓе со поддршка на ЕБОР, која веќе има инвестирано 10 милијарди евра во регионот, додаваат од агенцијата.
Обединување на земјите од Западен Балкан ќе овозможи поголема соработка меѓу владите и стопанствениците и заеднички настап на трети пазари. Владините претставници од земјите од Европската унија и од Западен Балкан ќе ги споделат своите стратегии и програми во насока на забрзување на порастот на интеграција на регионот.
Основните цели на самитот се поврзани со потребата за неотповиклива обврска на Европската унија за европската перспектива на Западен Балкан, а наедно и регионално консолидирање на демократијата, надминување на системот на затворање на земјите во национални рамки, борба против тероризмот и корупцијата.
На економско ниво, приоритет им се дава на транспортната и енергетската инфраструктура, развојот на малите и средните претпријатија, поттикнувањето на инвестициите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.