| четврток, 6 декември 2018 |

Диви свињи се спуштаат од Водно (ВИДЕО)

Диви свињи се симнуваат од планината по потрага по храна и ги плашат жителите на Водно. Жители од елитната населба објавуваат видеоснимки на кои се гледа како дивите свињи бараат храна во грмушките до улицата „Тодор Александров“, но и околу станбените згради.

Ловџии за Сител велат дека дивите свињи можат да се спуштат и во град кога бараат храна, но тие сѐ уште не регистрирале случај диви свињи да се спуштат долу во Скопје. Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине околу 40 км. Дивите свињи брзо трчаат, а се и добри пливачи. Главно се задржуваат по рабовите на шумите. Сештојади се, а во овој период од годината се хранат со желади.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека диви свињи од секогаш имало на Водно, а со прогресивната урбанизација се стеснува нивната животна средина.

И досега имало примери диви свињи да се приближат до урбана средина, но тоа се случува исклучиво доцна навечер бидејќи дивите свињи се ноќни животни. Опасноста од нив е минимална бидејќи кога ќе насетат човек, бегаат.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top