| четврток, 6 декември 2018 |

Николче Новески доби понуда да се реактивира?!

Македонскиот фудбалер во пензија, Николче Новески иако две години професионално не настапува, доби покана да се активира и да ја обнови својата кариера. Имено, на адреса на некогашниот репрезентативец стигна покана да го облече дресот на кинеската репрезентација до 20 години.

Оваа репрезентација очекува одлука дека може да настапува во четвртата германска лига. Ако тоа се случи, Новески би бил идеално засилување меѓу младите кинески фудбалери

Олимписката репрезентација на Кина планирано е да биде 20. тим во Регионалната лига – група Југозапад и ќе игра по двапати со сите клубови, но нивните резултати нема да се сметаат за конечната табела во првенството.

Новески на 2 септември во Мајнц ќе одигра ревијален натпревар во негова чест, а на истиот се поканети поголем дел од фудбалерите кои играа заедно со битолчанецот воо Мајнц 05.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top