| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена снимката од претепувањето до смрт на американскиот турист во Грција

Аматерска снимка направена со мобилен телефон е објавена како на интернет, така и преку грчките медиуми со цел да се види целиот инцидент при тепањето и убиството на американскиот турист Бакари Хендерсон пред ноќен клуб во Лаганос на грчкиот остров Закинтос.

Осуммина осомничени за убиство на Американец на Закинтос, меѓу кои и шест Срби, обвинети се за тешко кривично дело – убиство со умисла. Двајца од нив се вработени во ноќниот клуб, едниот е шанкер, а другиот обезбедувач.

Засега не се говори за мотивите за бруталното претепување и како дошло до инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top