– Што ли не ветија СДСМ пред изборите само за да измамат некој глас повеќе од граѓаните. Дека ќе донесат живот, дека ќе ги вратат сите иселени од Македонија, дека ќе донесат нови работни места, дека наместо партиски луѓе ќе ставале експерти дека ќе ја департизирале администрацијата, дека за се ќе се консултирале со народот, дека лекарите ќе земале по најмлаку 1 600 евра плата, а просечната плата ќе била 500 евра, дека земјоделците ќе добиеле живот и многу пари, модерно образование, НАТО, ЕУ, реформи….што ли не, посочи Никола Груевски во својот говор по повод 26 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Во ред некој ќе каже кратко е времето, 40 дена се на власт. Да кратко е, ама се сеќавате ли ние што направивме во првите 40 дена кога дојдовме на власт во 2006тата? Го намаливме ДДВ-то за земјоделците за земјоделска механизација, за земјоделски препрати со измена на закон, но и го намаливме ДДВ-то за јавен превоз, лекови, компјутери, и повеќе други производи и услуги, за прв пат воведовме субвенции за земјоделците во Македонија со експресно направен ребаланс, воведовме рамен данок со измена на закон, ги намаливме даноците на најниски во Европа, а потоа и во светот, со нов мобилен оператор цените на телефонските услуги ги намливме за 70 осто, донесовме закон со кој се создаде министерство за информатички технологии, ги осмисливме, дефиниравме и објавивме концептот за слободните економски зони во кои потоа дојдоа многу инвеститори, донесовме закон со кој создадовме трет државен универзитет во Штип, и редица други многу конкретни реформи, дела, проекти, и чекори кои ги бевме ветиле и чие спроведување не го одлагавме. А пак по создавањето на владата во 2008мата во првите 100 дена имавме 183 спроведени мерки, истакна меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)