| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во живо пред илјадници луѓе: Акробат загина на рок-фестивал во Шпанија (Видео)

 

Акробатот Пердо Аунион Монрој (42) загинал синоќа откако паднал од голема височина на рок фестивалот „Мед Кул“ (Mad cool) кој се одржувал во Шпанија. Трагичната смрт ја потврдиле и од организацијата на фестивалот, од каде изјавиле дека тој паднал од кутија која видела во воздухот на повеќе од 30 метри височина.

Она што е уште побизарно, што настанот продолжил и покрај смртта на акробатот. По несреќата на сцената настапил популарниот американски бенд „Грин деј“, на кои најверојатно не и било кажано дека незгодата била со фатални последици, јавува британски Телеграф.

По настапот на „Грин Деј“ организаторите објавиле дека не сакале да го откажат гостувањето на овој бенд од „безбедносни причини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top